Водич во феминистичката и родовата терминологија

Издавањето на појмовникот Водич во феминистичката и родовата терминологија претставува придонес на Акција Здруженска во збогатувањето на ресурсите во Македонија за поголема информираност и надградба на знаењата во областа на родовата еднаквост и човековите права на жените.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.