ПАРТНЕРИ

Хуманитарно Здружение „Мајка“ Куманово

Хуманитарно здружение „Мајка“ (Х.З. „Мајка“) е самостојно, независно, невладино, непартиско и непрофитно здружение во кое членките ги остваруваат своите заеднички општествени, економски, социјални, хуманитарни, образовни и културни интереси и цели заради обезбедување на човековите права и слободи и создавање на еднакви можности за мажите и жените. 

ЛАГ Агро Лидер

Мисијата на ЛАГ Агро Лидер Кривогаштани е да промовира и да придонесе кон одржлив рурален развој на територијата на општините Кривогаштани, Долнени и Крушево преку иницијативи, партнерства и користење на постоечкиот ендоген потенцијал

Пелагона Прва

Пелагона Прва

Ние постоиме и зборуваме во името на сите жени кои ги одбрале планинските спортови како животен стил и преку кој сакаат активно да учествуваат во позитивна промена во заедницата.

Здружение на жени фармери"Моја Фарма"

Здружение на жени фармери"Моја Фарма"

Здружението на жени фармери „Моја Фарма“ е посветено на зајакнување и поддршка на жените во земјоделството. Преку соработка, едукација и размена на искуства, работиме на унапредување на фармерските практики и создавање подобри можности за рурален развој. Нашата мисија е да ги охрабриме жените да бидат активни носители на промени во земјоделскиот сектор.

Женски Форум

Женски Форум-Тетово е невладина организација која работи во северниот и западниот дел на Македонија  на подигање на свеста на жената за нејзино осамостојување, јакнење на нејзината самодоверба и непречена интеграција во општествените текови.

LOGO oz-zensko-lobi copy

Ож Женско лоби Демир Капија

ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија е доброволно, независно и непрофитно здружение на граѓани во кое се здружени лица кои имаат лични и заеднички интереси за унапредување на активноста на жените и нивна еманципација, како и заради реализирање на активности во областа на женските човекови права, унапредување на положбата на жените во општеството, родовата рамноправност, покренување на одредени иницијативи, развој на женско претприемаштво и борба против насилство врз жените.

Организација Жена Делчево

Организација Жена Делчево има мисија да придонесе кон зајакнување на жените, младите и маргинализираните и ранливи групи преку едукација, информирање поттикнување на претпримнички иницијативи, граѓански акции во сите области на општественото живеење за градење на еднакви можности за работа на општествено економскиот развој на локално и регионално ниво.

Организација на жени –Струмица

Организација на жени од Струмица (ОЖС) е основана во 1991 година и речиси триесет години е единствената женска граѓанска организација во Југоисточниот регион на државата која во континуитет работи на промовирање и застапување на политики базирани на еднакви можности, недискриминација и ненасилство врз жените и девојчињата. 

Здружение Радика Де

ЖГИ Клеа

Граѓанска иницијатива на жени Свети Николе

Женска Акција Радовиш

Асоцијација за едукација „Млади инфо“

Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ

Женска медиумска мрежа Еднаква

Здружение за развој и активизам Аква

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.