„Вткаена женска визија“: Жените од локалните заедници се омоќуваат преку креативност

Во рамки на кампањата „Вткаена женска визија, летово, повеќе од 80 жени од руралните и приградските заедници учествуваа на локални средби на вмрежување, на кои создаваа уникатни рачно изработени креации.

Оваа иницијатива оди и подалеку од креативноста, затоа што ги омоќува жените и ги засилува нивните гласови. Секоја рачно изработена креација, одразува лична приказна и искуство која крие моќна и автентична порака за претстојните активности за застапување.

Со интегрирање на овој креативен процес во наративот на кампањата, обезбедуваме видлива и вреднувана платформа за женските перспективи, гарантирајќи дека нивните придонеси ќе го обликуваат дијалогот за промени.

Рачните изработки не се само приказ на креативноста и посветеноста, тие ги носат и гласовите на жените, нивните предизвици, потреби и повици за акција, правејќи ги нивните реалности видливи и невозможни за игнорирање.

Следете нè за да ги погледнете претстојните банери на социјалните мрежи, кои ќе продолжат да ги засилуваат овие пораки. Сега одвојте момент да ја погледнете креативноста и силата зад овие инспиративни дела.