Неодамна, во организација на Здружението Радика ДЕ и огранокот Центар Жупа, успешно беа реализирани три консултативни средби со жени од три различни локации. Во рамки на активностите и имплементацијата на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, беа организирани серија од три последователни консултативни средби со жени од рурални средини на општините Дебар (с. Могорче и с. Долно Косоврасти), како и Центар Жупа (селата Мал Папрадник и Голем Папрадник).
На секоја од средбите се одвиваа две важни сесии: Предлагање и приоретизирање на потребите на жените во локалната заедница, како и изработка на план за застапување за овие приоритети пред релевантните институции.
Овие средби беа простор за отворен дијалог, размена на искуства и дефинирање на конкретни чекори за подобрување на положбата на жените во локалните заедници.
Придонесот и активната улога на учесничките, во креирањето визија за посилна, постабилна и поправедна заедница е од големо значење.
Активностите се дел од проектот „Жените го превземаат водството во локалните заедници” спроведуван од The Kvinna till Kvinna Foundation, Aкција Здруженска, Хуманитарното здружение Мајка од Куманово, а е финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Амбасадата на Шведска во Скопје.





