Работилница за фасилитација и лидерство: Жените се двигатели на промени во заедницата

Организацијата „Жена“ од Делчево реализираше работилница за фасилитација и лидерство, насочена кон јакнење на капацитетите на жените за активно учество и водство во нивните заедници.

Преку интерактивна работа и практични вежби базирани на реални сценарија, учесничките учеа како ефективно да водат дискусии и состаноци, да поставуваат јасни и насочувачки прашања, да градат доверба во групата и да развиваат лидерство што мотивира и инспирира.

Работилницата придонесува кон зајакнување на жените како организаторки на иницијативи и активни носителки на позитивни општествени промени.