Жените од Ораовица и Злеово се запознаа со е-услугите на општина Радовиш

Во организација на „Женска акција“ – Радовиш, во рамки на проектот „Зајакнување на жените за користење на општински е-услуги“, вчера жените од Ораовица и Злеово имаа можност да се запознаат со електронските услуги што ги нуди општина Радовиш.

Преку практични презентации и објаснувања, учесничките се стекнаа со знаења за полесно користење на електронските услуги и поефикасно решавање на административните потреби.