Тридневна работилница за креирање програми и тимска работа

Претседателките на женските кружоци и активни жени од руралните средини на општина Свети Николе и Лозово, учествуваа во тродневна работилница посветена на изготвување на програмите за 2026 година, јакнење на женските кружоци и развивање на тимската работа. Првиот ден беше фокусиран на размена на искуства, препознавање на предизвиците со кои се соочуваат жените и поставување […]

Жени од Сопот, Горобинци, Мустафино и Пеширово учествуваа на јавна расправа за буџетот на општина Св. Николе

На 15 декември во општина Свети Николе се одржа јавна расправа за буџетот за 2026 година, на која активно учествуваше Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, заедно со жени од руралните средини, вклучувајќи ги селата Сопот, Горобинци, Пеширово, Црнилиште, Ерџелија и Мустафино. Преку своето учество, жените ги истакнаа приоритетните проблеми и потреби во […]

Едукација за жените од Долно Косоврасти, Могорче, Будулец и Тикварци

Здружението Радика Де, успешно ја реализира теренската едукација посветена на жените од локалните заедници. Учеснички од Долно Косоврасти, Могорче, Будулец и Тикварци активно учествуваа во едукативни активности, дискусии и размена на искуства. Едукацијата се фокусираше на три клучни области: образование, здравје и социјална заштита, а жените споделија предизвици, идеи и лични приказни, со што создадоа […]

Улични акции во Росоман, Градско и во Демир Капија

Во рамките на регионалната кампања за јавно застапување „Жените од заедницата бараат…“, a во организација на Женско Лоби Демир Капија, жените од руралните средини во општините Градско, Демир Капија и Росоман учествуваа во улични акции, со цел да се истакне потребата од поголема транспарентност, отчетност и вклучување на жените во креирањето на локалните политики. Акциите […]

Жените од Ораовица и Злеово се запознаа со е-услугите на општина Радовиш

Во организација на „Женска акција“ – Радовиш, во рамки на проектот „Зајакнување на жените за користење на општински е-услуги“, вчера жените од Ораовица и Злеово имаа можност да се запознаат со електронските услуги што ги нуди општина Радовиш. Преку практични презентации и објаснувања, учесничките се стекнаа со знаења за полесно користење на електронските услуги и […]

Пред општинските власти презентирани приоритетните проблеми во 8 кумановски заедници

Во просториите на општина Куманово неодамна беа презентирани приоритетните проблеми и потреби детектирани од жените од осум рурални и приградски заедници: Перо Чичо, Карпош, Тромеѓа, Табановце, Романовце, Пчиња, Иго Тричковиќ и Биљановце. Преку работата на женските кружоци, жените ги идентификуваа најитните предизвици со кои секојдневно се соочуваат во своите заедници. Меѓу клучните проблеми беа посочени […]

Жени од Лубница и Конче учеа како да користат е-услуги

Во организација на Женска акција од Радовиш, жени од селата Лубница и Конче, учествуваа на обука за користење на општинските е-услуги што ги нуди општината Конче. Преку практични сесии, учесничките имаа можност да се запознаат со дигиталните услуги и начините за нивно користење, за да може да имаат полесен пристап до општинските сервиси. Обуките се […]